запашка
Разговорен збор, израз.
Значење на запашка:
1. Почне да пашка; пашка. Ги запашкавме арамиите по планината.
2. Почне да мачи, да малтретира некого. Војниците ги запашкаа насобраните селани.
Коњугација: запашкаат.
Изведени зборови:
- се ~ запашка, Почне да се гони, да се брка со некого. Децата се запашкаа по ледината.
- (се) запашкува, глаг. повт. (се) запашкуваат
Оригинални податоци:
запашка, запашкаат св. (разг.) 1. Почне да пашка; сп. пашка. Ги запашкавме арамиите по планината. 2. Почне да мачи, да малтретира некого. Војниците ги запашкаа насобраните селани. ● се ~ Почне да се гони, да се брка со некого. Децата се запашкаа по ледината. ‖ (се) запашкува, (се) запашкуваат повт.