запечати
Значење на запечати:
1. Затвори нешто со печат. Сите вагони беа полни и запечатени. Службеникот го запечати писмото.
2. (прен.) Затврди, зацврсти нешто. Тие го запечатија својот таен договор со клетва. Една мала случка ја запечати нивната љубов.
3. (прен.) За судбина – одлучи, реши. Неговата судбина е запечатена.
Коњугација: запечатат.
Изведени зборови:
- запечатува, глаг. несв. запечатуваат
- запечатување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
запечати, запечатат св. 1. Затвори нешто со печат. Сите вагони беа полни и запечатени. Службеникот го запечати писмото. 2. (прен.) Затврди, зацврсти нешто. Тие го запечатија својот таен договор со клетва. Една мала случка ја запечати нивната љубов. 3. (прен.) За судбина – одлучи, реши. Неговата судбина е запечатена. ‖ запечатува, запечатуваат несв. ‖ глаг. им. запечатување ср.