запече 1
Значење на запече:
1. Почне да пече храна. Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов.
2. Испече малку, одозгора, запржи. Тој ја запече сланината и ја принесе на масата.
3. За сонце – почне да пече, да жеже. Сонцето веќе запече.
4. Почне да пече, да жари. Го запече потта. Солзите ѝ ги запекоа очите.
Коњугација: запекле , запекоа , запеков , запекол , запечат , запечен, запечете , запечи , (ќе) запечеа , (ќе) запечев , (ќе) запечел .
Изведени зборови:
- глаг. несв. (се) запечува, (се) запечуваат/(се) запекува, (се) запекуваат
- се ~ запече, 1. Се испече малку, одозгора. Јадењето се прелива со јајца и се враќа во рерната да се запече. 2. (прен.) Се стврдне, се скорави. Земјата се запече од долгата суша. 3. (прен.) Се вклешти, се заглави. Шрафот се запекол, не може да се одврти.
Оригинални податоци:
запече1, запечат; запечи, запечете; запеков, запекоа; запекол, запекле; (ќе) запечев, (ќе) запечеа; (ќе) запечел; запечен св. 1. Почне да пече храна. Од кога го запеков лебот во фурната и уште не е готов. 2. Испече малку, одозгора, запржи. Тој ја запече сланината и ја принесе на масата. 3. За сонце – почне да пече, да жеже. Сонцето веќе запече. 4. Почне да пече, да жари. Го запече потта. Солзите ѝ ги запекоа очите. ● се ~ 1. Се испече малку, одозгора. Јадењето се прелива со јајца и се враќа во рерната да се запече. 2. (прен.) Се стврдне, се скорави. Земјата се запече од долгата суша. 3. (прен.) Се вклешти, се заглави. Шрафот се запекол, не може да се одврти. ‖ (се) запечува, (се) запечуваат/(се) запекува, (се) запекуваат несв. ‖ глаг. им. запечување/запекување ср.