запетла

Глагол, свршен

Значење на запетла:

Соедини, спои два дела на облека, обувки и др. со помош на петлица, на патент и сл.; закопча. Тој ја запетла кошулата. Таа одвај си го запетла фустанот.

Коњугација: запетлаат.

Изведени зборови:

  • запетлување, глаг. им. ср.
  • се ~ запетла, Децата се запетлаа и излегоа надвор.
  • (се) запетлува, глаг. несв. (се) запетлуваат

Оригинални податоци:

запетла, запетлаат св. Соедини, спои два дела на облека, обувки и др. со помош на петлица, на патент и сл.; закопча. Тој ја запетла кошулата. Таа одвај си го запетла фустанот. ● се ~ Децата се запетлаа и излегоа надвор. ‖ (се) запетлува, (се) запетлуваат несв. ‖ глаг. им. запетлување ср.