запише

Глагол, свршен

Значење на запише:

1. Писмено забележи нешто; напише. Таа запиша нешто во својот бележник. Јас запишав неколку нови рецепти. Тој запишал стотина народни песни и приказни.

2. Внесе во список, во регистар и сл. Тој го запишал својот син на Воената академија. Таа ги запиша ќерките во Балетското училиште.

3. Даде, се обврзе на прилог во пари, писмено се пријави за некаква порачка. Сите вработени во фирмата запишаа заем за патишта. Тој запиша две вреќи брашно преку Синидикатот.

Коњугација: запишаа , запишав , запишал , запишан , запишат , запишете , запиши , (ќе) запишеа , (ќе) запишев , (ќе) запишел.

Изведени зборови:

  • запишување, глаг. им. ср.
  • се ~ запише, 1. Се вклучи во некаков список, во некоја група и сл. Тој се запиша на факултет. Тие се запишаа во спомен-книгата на музејот. 2. Се занесе во пишување. Тој честопати знаел да се затвори во својата соба и да се запише.
  • (се) запишува, глаг. несв. (се) запишуваат

Фразеолошки израз / поговорка:

Запишан е во црниот тефтер (во црната книга) – е обележан, е етикетиран според нешто, обично лошо.

Оригинални податоци:

запише, запишат; запиши, запишете; запишав, запишаа; запишал; запишан; (ќе) запишев, (ќе) запишеа; (ќе) запишел св. 1. Писмено забележи нешто; напише. Таа запиша нешто во својот бележник. Јас запишав неколку нови рецепти. Тој запишал стотина народни песни и приказни. 2. Внесе во список, во регистар и сл. Тој го запишал својот син на Воената академија. Таа ги запиша ќерките во Балетското училиште. 3. Даде, се обврзе на прилог во пари, писмено се пријави за некаква порачка. Сите вработени во фирмата запишаа заем за патишта. Тој запиша две вреќи брашно преку Синидикатот. ● се ~ 1. Се вклучи во некаков список, во некоја група и сл. Тој се запиша на факултет. Тие се запишаа во спомен-книгата на музејот. 2. Се занесе во пишување. Тој честопати знаел да се затвори во својата соба и да се запише. ◊ Запишан е во црниот тефтер (во црната книга) – е обележан, е етикетиран според нешто, обично лошо. ‖ (се) запишува, (се) запишуваат несв. ‖ глаг. им. запишување ср.