запишувач

Именка, машки род

Значење на запишувач:

Тој што запишува, што забележува нешто. Тој е познат како собирач и запишувач на народни умотворби. Запишувачот автентично ја запишал народната песна.

Множина: запишувачи.

Изведени зборови:

  • запишувачки, прид. запишувачкиот Запишувачка работа.

Оригинални податоци:

запишувач, мн. запишувачи м. Тој што запишува, што забележува нешто. Тој е познат како собирач и запишувач на народни умотворби. Запишувачот автентично ја запишал народната песна. ‖ запишувачки, запишувачкиот прид. Запишувачка работа.