заплени

Глагол, свршен

Значење на заплени:

1. Одзее туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции. Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје.

2. Одзее стока, имот по определен законски пат, изврши заплена, конфискува. Цариниците годинава заплениле многу шверцувана техничка стока.

3. (ретко) Зее како плен, зароби некого. При нападот запленија неколку непријателски војници.

Коњугација: запленат.

Изведени зборови:

  • запленува, глаг. несв. запленуваат
  • запленување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

заплени, запленат св. 1. Одзее туѓа стока, имот во војна, како последица на воени операции. Во текот на борбата партизаните запленија многу оружје. 2. Одзее стока, имот по определен законски пат, изврши заплена, конфискува. Цариниците годинава заплениле многу шверцувана техничка стока. 3. (ретко) Зее како плен, зароби некого. При нападот запленија неколку непријателски војници. ‖ запленува, запленуваат несв. ‖ глаг. им. запленување ср.