заплетка
Значење на заплетка:
1. За конец, за предено и сл. – направи да биде во неред, измеша, замрси. Детето ми ги заплетка конците за шиење. При вадењето рибарите ја заплеткаа мрежата.
2. Заглави, вовлече нешто во друго нешто. Тој ги заплетка прстите во густата замрсена волна.
3. (прен.) а) Збрка некоја работа. Тие двајца ја заплеткаа оваа работа. б) Вовлече некого во некоја мешаница, во некоја збркана работа. Сите до еден ги заплетка во аферата. Тој ме заплетка во една сомнителна работа.
Коњугација: заплеткаат.
Изведени зборови:
- заплеткување, глаг. им. ср.
- се ~ заплетка, 1. Се замрси. Додека везев, конецот ми се заплетка неколку пати. 2. Се заглави во нешто. Неколку риби се заплеткаа во мрежата. Топката ни се заплетка во капињакот. 3. (прен.) Се збрка, се измеша. Работите одново се заплеткаа. 4. (прен.) За говор – се збуни, се збрка. Тој се заплетка и запелтечи нешто.
- (се) заплеткува, глаг. несв. (се) заплеткуваат
Оригинални податоци:
заплетка, заплеткаат св. 1. За конец, за предено и сл. – направи да биде во неред, измеша, замрси. Детето ми ги заплетка конците за шиење. При вадењето рибарите ја заплеткаа мрежата. 2. Заглави, вовлече нешто во друго нешто. Тој ги заплетка прстите во густата замрсена волна. 3. (прен.) а) Збрка некоја работа. Тие двајца ја заплеткаа оваа работа. б) Вовлече некого во некоја мешаница, во некоја збркана работа. Сите до еден ги заплетка во аферата. Тој ме заплетка во една сомнителна работа. ● се ~ 1. Се замрси. Додека везев, конецот ми се заплетка неколку пати. 2. Се заглави во нешто. Неколку риби се заплеткаа во мрежата. Топката ни се заплетка во капињакот. 3. (прен.) Се збрка, се измеша. Работите одново се заплеткаа. 4. (прен.) За говор – се збуни, се збрка. Тој се заплетка и запелтечи нешто. ‖ (се) заплеткува, (се) заплеткуваат несв. ‖ глаг. им. заплеткување ср.