заплиска

Глагол, свршен

Значење на заплиска:

1. Почне да плиска со течност, обично со вода. Го заплискаа со вода за да се освести.

2. За бран – почне да плиска допирајќи нешто. Брановите ми ги заплискаа нозете.

3. (само во 3 л.) За дожд – почне да плиска, да истура. Надвор заплиска дожд.

4. (прен.) Осети некаква дразба. Тој ја заплиска со мирис на пот. Го заплиска свеж утрински воздух.

Коњугација: заплискаат.

Изведени зборови:

  • се ~ заплиска, Почне да се плиска, да се прска со вода себеси или еден со друг. Тој се заплиска со студена вода. Децата се заплискаа со вода.
  • (се) заплискува, глаг. несв. (се) заплискуваат

Оригинални податоци:

заплиска, заплискаат св. 1. Почне да плиска со течност, обично со вода. Го заплискаа со вода за да се освести. 2. За бран – почне да плиска допирајќи нешто. Брановите ми ги заплискаа нозете. 3. (само во 3 л.) За дожд – почне да плиска, да истура. Надвор заплиска дожд. 4. (прен.) Осети некаква дразба. Тој ја заплиска со мирис на пот. Го заплиска свеж утрински воздух. ● се ~ Почне да се плиска, да се прска со вода себеси или еден со друг. Тој се заплиска со студена вода. Децата се заплискаа со вода. ‖ (се) заплискува, (се) заплискуваат несв.