запне

Глагол, свршен

Значење на запне:

1. а) Запре, наиде на пречка при движење. Ралото запна на една жила од коренот на оревот. б) Закачи дел од облеката за нешто при движење. Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал.

2. Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост. Тој го запна орозот на пушката и фати позиција. Старецот го запна јажето на самарот.

3. Стави, закачи нешто на друго нешто. Тој го запна ножот за појасот.

4. За говор – се заплетка, се збрка. Тој запна и не си го доврши зборот.

5. (прен.) Почне упорно да настојува, да бара, да прави нешто. Таа запнала да оди во странство. Тој запна да се жени. Тие запнале да создадат своја партија.

Коњугација: запнаа , запнав , запнал , запнат , запнат , запнете , запни , (ќе) запнеа , (ќе) запнев , (ќе) запнел.

Изведени зборови:

  • (се) запнува, (се) запнуваат
  • се ~ запне, 1. сп. запне 1. Ралото се запна на еден камен. Шамијата ѝ се запна на гранките од јаболкницата. 2. сп. запне 5. Тие се запнале да одат на село.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ми (ти, му...) запна за окото – ми се допаѓа некој или нешто.

Оригинални податоци:

запне, запнат; запни, запнете; запнав, запнаа; запнал; запнат; (ќе) запнев, (ќе) запнеа; (ќе) запнел св. 1. а) Запре, наиде на пречка при движење. Ралото запна на една жила од коренот на оревот. б) Закачи дел од облеката за нешто при движење. Тој ги запнал панталоните на една грмушка и ги скинал. 2. Затегне, доведе нешто во состојба на затегнатост. Тој го запна орозот на пушката и фати позиција. Старецот го запна јажето на самарот. 3. Стави, закачи нешто на друго нешто. Тој го запна ножот за појасот. 4. За говор – се заплетка, се збрка. Тој запна и не си го доврши зборот. 5. (прен.) Почне упорно да настојува, да бара, да прави нешто. Таа запнала да оди во странство. Тој запна да се жени. Тие запнале да создадат своја партија. ● се ~ 1. сп. запне 1. Ралото се запна на еден камен. Шамијата ѝ се запна на гранките од јаболкницата. 2. сп. запне 5. Тие се запнале да одат на село. ◊ Ми (ти, му...) запна за окото – ми се допаѓа некој или нешто. ‖ (се) запнува, (се) запнуваат/(се) запина, (се) запинаат повт. ‖ глаг. им. запнување/запинање ср.