започне
Значење на започне:
1. Почне да прави нешто. Таа започна да се смее. Некои жени започнаа да плачат. Тој започна да бега.
2. а) Почне некакво дејство, некаква акција. Не знаеше како да го започне разговорот. Попот ја започна венчавката. Така започнало нивното пријателство. б) (само во 3 л.) Почне да се одвива некое дејство, чин, акција. Зимата штотуку започна. Водата започна да врие. На полјаната беше започнала голема веселба.
3. Фати, почне да троши, да употребува нешто. Минатиот месец ја започнавме вреќата со компири и веќе ја потрошивме.
Коњугација: започнаа , започнав , започнал , започнат , започнат , започнете , започни , (ќе) започнеа , (ќе) започнев , (ќе) започнел.
Изведени зборови:
- започнување, глаг. им. ср.
- се ~ започне, (ретко) сп. започне 2 б). Во публиката се започна тивок разговор.
- (се) започнува, глаг. несв. (се) започнуваат 1. сп. започне (се). 2. Почне да се простира, да се протега нешто. Оттука започнува патеката што води до рудникот. Погоре започнува шумата.
Оригинални податоци:
започне, започнат; започни, започнете; започнав, започнаа; започнал; започнат; (ќе) започнев, (ќе) започнеа; (ќе) започнел св. 1. Почне да прави нешто. Таа започна да се смее. Некои жени започнаа да плачат. Тој започна да бега. 2. а) Почне некакво дејство, некаква акција. Не знаеше како да го започне разговорот. Попот ја започна венчавката. Така започнало нивното пријателство. б) (само во 3 л.) Почне да се одвива некое дејство, чин, акција. Зимата штотуку започна. Водата започна да врие. На полјаната беше започнала голема веселба. 3. Фати, почне да троши, да употребува нешто. Минатиот месец ја започнавме вреќата со компири и веќе ја потрошивме. ● се ~ (ретко) сп. започне 2 б). Во публиката се започна тивок разговор. ‖ (се) започнува, (се) започнуваат несв. 1. сп. започне (се). 2. Почне да се простира, да се протега нешто. Оттука започнува патеката што води до рудникот. Погоре започнува шумата. ‖ глаг. им. започнување ср.