запознае

Глагол, свршен

Значење на запознае:

1. Оствари, воспостави односи на познанство меѓу други лица; претстави некого некому. Вчера го запознав новиот директор на училиштето. Тој ме запозна со својата братучетка.

2. Добие сознание, стекне извесно знаење за некого или за нешто. За кратко време ги запознав луѓето од градот и нивните обичаи.

3. Даде податоци некому за некого или за нешто. Тој ги запозна гостите со најновите технички постигања.

Коњугација: запознаа , запознаат , запознав , запознаен, запознај , запознајте , запознал , запознам и запознаам , запознат , (ќе) запознаев , (ќе) запознаеја , (ќе) запознаел .

Изведени зборови:

  • запознавање, глаг. им. ср.
  • (се) запознава, глаг. несв. (се) запознаваат
  • се ~ запознае, 1. сп. запозне 1. Во возот се запознав со една девојка. Ние се запознавме пред неколку дена. 2. Се здобие со извесно знаење за некого или за нешто. Тој се запозна со стопанските проблеми на градот. Гостите се запознаа со работата на рудникот.

Оригинални податоци:

запознае, запознам и запознаам, запознаат; запознај, запознајте; запознав, запознаа; запознал; запознат; (ќе) запознаев, (ќе) запознаеја; (ќе) запознаел; запознаен св. 1. Оствари, воспостави односи на познанство меѓу други лица; претстави некого некому. Вчера го запознав новиот директор на училиштето. Тој ме запозна со својата братучетка. 2. Добие сознание, стекне извесно знаење за некого или за нешто. За кратко време ги запознав луѓето од градот и нивните обичаи. 3. Даде податоци некому за некого или за нешто. Тој ги запозна гостите со најновите технички постигања. ● се ~ 1. сп. запозне 1. Во возот се запознав со една девојка. Ние се запознавме пред неколку дена. 2. Се здобие со извесно знаење за некого или за нешто. Тој се запозна со стопанските проблеми на градот. Гостите се запознаа со работата на рудникот. ‖ (се) запознава, (се) запознаваат несв. ‖ глаг. им. запознавање ср.