запраши 1

Глагол, свршен

Значење на запраши:

1. Покрие, потури со прав; крене прав. Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел. Автомобилите го запрашија воздухот.

2. За земја, за насад и сл. – посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти. Отидоа да го запрашат лозјето.

Коњугација: запрашат.

Изведени зборови:

  • запрашува, глаг. несв. запрашуваат
  • запрашување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

запраши1, запрашат св. 1. Покрие, потури со прав; крене прав. Таа го запраши замрзнатиот двор со пепел. Автомобилите го запрашија воздухот. 2. За земја, за насад и сл. – посипе со прашок заради уништување на штетни инсекти. Отидоа да го запрашат лозјето. ‖ запрашува, запрашуваат несв. ‖ глаг. им. запрашување ср.