запре
Значење на запре:
1. Престане да оди, да се движи, да се одвива некое дејство. Жената запрела пред една порта. Пред селото запреа камиони. Моторот запре. Музиката наеднаш запре. Одвај дочека да запре дождот.
2. Направи да застане некој или нешто, прекине некого или нешто што е во движење, во работа, во дејство. Јас ќе го запрам да го прашам. Тој го запре коњот во дворот. По несреќата полицијата го запре сообраќајот. Дрводелците го запреа сечењето на дрвјата во тој дел на шумата.
3. Сопре, спречи некаков процес, развој. Тие настани го запреа натамошниот развој на демократијата во земјата. Тој го запре напредокот во нашиот колектив.
4. Сопре, спречи нешто да тече. Со краен напор таа ги запре солзите. Лекарот одвај успеал да ѝ ја запре крвта.
5. Сопре, спречи некакво дејство. Дождот ја запре жетвата на пченицата. Студот ја запре натамошната работа на пругата. Чадот и прашината ми го запреа дишењето.
6. Сопре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место. Гостинот го запревме на ручек. Таа ги запрела децата на поседок.
7. Задржи дел од исплата, од пратка и сл. Овој месец не ми запреле членарина од платата. Стоката ја запреа граничарите на нашата граница.
8. За поглед, за очи и сл. – задржи, насочи кон некого или кон нешто. Наеднаш очите ги запре на младичот. Погледот му запре на прозорецот.
Коњугација: запрат , запреа , запрев , запрел , запрен, запрете , запри .
Изведени зборови:
- запирање, глаг. им. ср.
- (се) запира, глаг. несв. (се) запираат
- се ~ запре, 1. Престане да се движи; застане. Тој се запре на прагот. Штом навлегоа во шумата, тие се запреа. На аголот на улицата се запре црн автомобил. 2. Престане да прави нешто, прекине некое дејство. Додека зборуваше, тој наеднаш се запре. Тој се запре во излагањето. 3. сп. запре 8. Очите му се запреа на лицето од детето. Погледот му се запре на нејзината слика. 4. Се задржи на нешто, обрне поголемо внимание на нешто. На крајот од оваа глава ќе се запреме на гореспоменатиот автор и на неговото дело. 5. Се заглави, застане нешто. Во грлото му се запрела една коска од риба.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му...) се запре здивот – го изгуби здивот, престане да дише од страв, од возбуда и сл. Ми (ти, му...) се запре крвта – се исплаши.
Оригинални податоци:
запре, запрат; запри, запрете; запрев, запреа; запрел; запрен св. 1. Престане да оди, да се движи, да се одвива некое дејство. Жената запрела пред една порта. Пред селото запреа камиони. Моторот запре. Музиката наеднаш запре. Одвај дочека да запре дождот. 2. Направи да застане некој или нешто, прекине некого или нешто што е во движење, во работа, во дејство. Јас ќе го запрам да го прашам. Тој го запре коњот во дворот. По несреќата полицијата го запре сообраќајот. Дрводелците го запреа сечењето на дрвјата во тој дел на шумата. 3. Сопре, спречи некаков процес, развој. Тие настани го запреа натамошниот развој на демократијата во земјата. Тој го запре напредокот во нашиот колектив. 4. Сопре, спречи нешто да тече. Со краен напор таа ги запре солзите. Лекарот одвај успеал да ѝ ја запре крвта. 5. Сопре, спречи некакво дејство. Дождот ја запре жетвата на пченицата. Студот ја запре натамошната работа на пругата. Чадот и прашината ми го запреа дишењето. 6. Сопре, задржи да не оди понатаму, да остане на даденото место. Гостинот го запревме на ручек. Таа ги запрела децата на поседок. 7. Задржи дел од исплата, од пратка и сл. Овој месец не ми запреле членарина од платата. Стоката ја запреа граничарите на нашата граница. 8. За поглед, за очи и сл. – задржи, насочи кон некого или кон нешто. Наеднаш очите ги запре на младичот. Погледот му запре на прозорецот. ● се ~ 1. Престане да се движи; застане. Тој се запре на прагот. Штом навлегоа во шумата, тие се запреа. На аголот на улицата се запре црн автомобил. 2. Престане да прави нешто, прекине некое дејство. Додека зборуваше, тој наеднаш се запре. Тој се запре во излагањето. 3. сп. запре 8. Очите му се запреа на лицето од детето. Погледот му се запре на нејзината слика. 4. Се задржи на нешто, обрне поголемо внимание на нешто. На крајот од оваа глава ќе се запреме на гореспоменатиот автор и на неговото дело. 5. Се заглави, застане нешто. Во грлото му се запрела една коска од риба. ◊ Ми (ти, му...) се запре здивот – го изгуби здивот, престане да дише од страв, од возбуда и сл. Ми (ти, му...) се запре крвта – се исплаши. ‖ (се) запира, (се) запираат несв. ‖ глаг. им. запирање ср.