запречи

Глагол, свршен

Значење на запречи:

1. Постави преграда, препречи пат, отвор и сл. Еден војник ја запречи влезната врата. Одроните од камења го запречија патот.

2. Закрие поглед и сл. Разгранетата кајсија во дворот ми го запречи видикот.

Коњугација: запречат.

Изведени зборови:

  • запречува, глаг. несв. запречуваат
  • запречување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

запречи, запречат св. 1. Постави преграда, препречи пат, отвор и сл. Еден војник ја запречи влезната врата. Одроните од камења го запречија патот. 2. Закрие поглед и сл. Разгранетата кајсија во дворот ми го запречи видикот. ‖ запречува, запречуваат несв. ‖ глаг. им. запречување ср.