запрета 1

Глагол, свршен

Значење на запрета:

1. а) Покрие, посипе жар, оган или нешто да се пече. Таа го запрета огнот со пепел и си легна. Ги запрета компирите во топлата пепел. б) Покрие нешто со земја, со песок, со снег и сл.; исполни дупка со земја. Костењето ги запретаа да траат подолго. Ја запрета дупката на патот.

2. (разг., ирон.) Погребе, изврши закоп. Така ги запретале, ни поп, ни молитва.

Коњугација: запретаат.

Изведени зборови:

  • запретување, глаг. им. ср.
  • се ~ запрета, Се покрие, нафрли на себе нешто. Децата се запретале во една копа сено.
  • (се) запретува, глаг. несв. (се) запретуваат

Оригинални податоци:

запрета1, запретаат св. 1. а) Покрие, посипе жар, оган или нешто да се пече. Таа го запрета огнот со пепел и си легна. Ги запрета компирите во топлата пепел. б) Покрие нешто со земја, со песок, со снег и сл.; исполни дупка со земја. Костењето ги запретаа да траат подолго. Ја запрета дупката на патот. 2. (разг., ирон.) Погребе, изврши закоп. Така ги запретале, ни поп, ни молитва. ● се ~ Се покрие, нафрли на себе нешто. Децата се запретале во една копа сено. ‖ (се) запретува, (се) запретуваат несв. ‖ глаг. им. запретување ср.