запусти
Значење на запусти:
1. Направи нешто да стане пусто. Тој го запусти имотот од татка си.
2. Опустоши, уништи. Арамии го запустиле селото. Ти ми го запусти животот.
3. Запушти, занемари некого или нешто. Од пусто пиење си го запусти семејството. Таа ја запусти работата.
Коњугација: запустат.
Изведени зборови:
- запустување, глаг. им. ср.
- се ~ запусти, 1. Стане пуст, пропадне. На многумина куќите им се запустија. Ќе ни се запусти сојот. 2. Се запушти, се занемари себеси. Откако остана сам, тој се запусти.
- (се) запустува, глаг. несв. (се) запустуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Да се запусти! – клетва.
Оригинални податоци:
запусти, запустат св. 1. Направи нешто да стане пусто. Тој го запусти имотот од татка си. 2. Опустоши, уништи. Арамии го запустиле селото. Ти ми го запусти животот. 3. Запушти, занемари некого или нешто. Од пусто пиење си го запусти семејството. Таа ја запусти работата. ● се ~ 1. Стане пуст, пропадне. На многумина куќите им се запустија. Ќе ни се запусти сојот. 2. Се запушти, се занемари себеси. Откако остана сам, тој се запусти. ◊ Да се запусти! – клетва. ‖ (се) запустува, (се) запустуваат несв. ‖ глаг. им. запустување ср.