заработи

Глагол, свршен

Значење на заработи:

1. а) Почне да работи, да функционира нешто. Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно. б) Почне да работи некаде; се вработи. Тој од вчера заработил во тутуновиот склад.

2. Добие нешто вредносно како награда за својот труд (најчесто пари); спечали. Тој заработи многу пари во странство. Денес тој одвај заработи едно парче леб.

3. (прен.) Добие нешто во негативна смисла. Од тој излет заработив само настинка. На натпреварот тој заработи црвен картон.

Коњугација: заработат.

Изведени зборови:

  • заработување, глаг. им. ср.
  • се ~ заработи, Се занесе, се заборави работејќи. Таа се заработи и не сети кога се стемни.
  • (се) заработува, глаг. несв. (се) заработуваат

Оригинални податоци:

заработи, заработат св. 1. а) Почне да работи, да функционира нешто. Во десет часот шалтерите на банката заработија повторно. б) Почне да работи некаде; се вработи. Тој од вчера заработил во тутуновиот склад. 2. Добие нешто вредносно како награда за својот труд (најчесто пари); спечали. Тој заработи многу пари во странство. Денес тој одвај заработи едно парче леб. 3. (прен.) Добие нешто во негативна смисла. Од тој излет заработив само настинка. На натпреварот тој заработи црвен картон. ● се ~ Се занесе, се заборави работејќи. Таа се заработи и не сети кога се стемни. ‖ (се) заработува, (се) заработуваат несв. ‖ глаг. им. заработување ср.