заради

Предлог

Значење на заради:

1. Цел, намера. Засилена е активноста на пазарната инспекција заради сузбивање на шверцот со цигари. Ќе направиме куса пауза заради усогласување на ставовите.

2. Причина за извршување/неизивршување на дејството; поради. Ни пропадна планот заради вашето доцнење. Заради тебе го изгубивме натпреварот.

Изведени зборови:

  • заради тоа што, сврз. сп. затоа што; зашто. Сложен сврзник за изразување причинска или причинско-целна нијанса. Таа се јави заради тоа што сакаше да ми го слушне гласот. Тие не дојдоа заради тоа што сакаа да нè навредат. Таа не јадеше заради тоа што сакаше да ослаби.

Оригинални податоци:

заради предл. 1. Цел, намера. Засилена е активноста на пазарната инспекција заради сузбивање на шверцот со цигари. Ќе направиме куса пауза заради усогласување на ставовите. 2. Причина за извршување/неизивршување на дејството; в. поради. Ни пропадна планот заради вашето доцнење. Заради тебе го изгубивме натпреварот. ‖ заради тоа што сврз. сп. затоа што; зашто. Сложен сврзник за изразување причинска или причинско-целна нијанса. Таа се јави заради тоа што сакаше да ми го слушне гласот. Тие не дојдоа заради тоа што сакаа да нè навредат. Таа не јадеше заради тоа што сакаше да ослаби.