зарази
Значење на зарази:
1. Предаде, пренесе зараза некому. Тој ги зарази и другите деца со жолтица.
2. Направи да биде нешто заразно. Војниците го заразија бунарот.
3. (прен.) Пренесе нешто некому. Неговата смеа ги зарази и другите.
Коњугација: заразат.
Изведени зборови:
- заразување, глаг. им. ср.
- се ~ зарази, Се разболи од заразна болест преку друго лице. Тој се заразил со грип од колегата на работа.
- (се) заразува, глаг. несв. (се) заразуваат
Оригинални податоци:
зарази, заразат св. 1. Предаде, пренесе зараза некому. Тој ги зарази и другите деца со жолтица. 2. Направи да биде нешто заразно. Војниците го заразија бунарот. 3. (прен.) Пренесе нешто некому. Неговата смеа ги зарази и другите. ● се ~ Се разболи од заразна болест преку друго лице. Тој се заразил со грип од колегата на работа. ‖ (се) заразува, (се) заразуваат несв. ‖ глаг. им. заразување ср.