зарече
Значење на зарече:
1. Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто. Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив.
2. Почне да зборува, да кажува нешто. Тој само што ја зарече молитвата, сите ги начулија ушите.
3. Вети, обврзе (во религиозна смисла). Мајка ми ме зарекла на св. Илија.
Коњугација: зарекле , зарекоа , зареков , зарекол , заречат , заречен, заречете , заречи , (ќе) заречеа , (ќе) заречев , (ќе) заречел .
Изведени зборови:
- глаг. несв. (се) заречува, (се) заречуваат/(се) зарекува, (се) зарекуваат
- се ~ зарече, Си даде збор, се заколне дека нема да прави или дека ќе прави нешто. Тој се зарече дека нема да пие повеќе. Таа се зарече дека ќе ја чува тајната.
Оригинални податоци:
зарече, заречат; заречи, заречете; зареков, зарекоа; зарекол, зарекле; (ќе) заречев, (ќе) заречеа; (ќе) заречел; заречен св. 1. Направи некој да даде збор дека нема да прави нешто, заколне некого да не прави нешто. Мајка ми ме зарекла да не одам кај нив. 2. Почне да зборува, да кажува нешто. Тој само што ја зарече молитвата, сите ги начулија ушите. 3. Вети, обврзе (во религиозна смисла). Мајка ми ме зарекла на св. Илија. ● се ~ Си даде збор, се заколне дека нема да прави или дека ќе прави нешто. Тој се зарече дека нема да пие повеќе. Таа се зарече дека ќе ја чува тајната. ‖ (се) заречува, (се) заречуваат/(се) зарекува, (се) зарекуваат несв. ‖ глаг. им. заречување/зарекување ср.