зареди
Значење на зареди:
1. Почне да реди, да става нешто едно по или до друго. Покрај масата заредија шишиња со ракија.
2. Почне да врши едноподруго со ред едно и исто дејство. Жените заредија да ги даруваат светците во црквата. Тој ги зареди ударите.
3. Почне да реди, да плаче над умрен. Таа се фати за главата и зареди со тажен глас.
4. Почне да посетува, да оди од еден до друг. Заредија од куќа на куќа да ги собираат парите. Тој ги зареди сите села.
5. Почне да прикажува, да набројува. Ги зареди сите светци што ги знаеше.
Коњугација: заредат.
Изведени зборови:
- заредување, глаг. им. ср.
- се ~ зареди, Почне да се реди, да се јавува едно по друго. Од тој ден се заредија несреќите во таа куќа. Понекогаш ќе се заредеше цела низа од пукоти. Се заредија адетите.
- (се) заредува, глаг. несв. (се) заредуваат
Оригинални податоци:
зареди, заредат св. 1. Почне да реди, да става нешто едно по или до друго. Покрај масата заредија шишиња со ракија. 2. Почне да врши едноподруго со ред едно и исто дејство. Жените заредија да ги даруваат светците во црквата. Тој ги зареди ударите. 3. Почне да реди, да плаче над умрен. Таа се фати за главата и зареди со тажен глас. 4. Почне да посетува, да оди од еден до друг. Заредија од куќа на куќа да ги собираат парите. Тој ги зареди сите села. 5. Почне да прикажува, да набројува. Ги зареди сите светци што ги знаеше. ● се ~ Почне да се реди, да се јавува едно по друго. Од тој ден се заредија несреќите во таа куќа. Понекогаш ќе се заредеше цела низа од пукоти. Се заредија адетите. ‖ (се) заредува, (се) заредуваат несв. ‖ глаг. им. заредување ср.