зарие
Значење на зарие:
1. Почне да рие. Свињата зари во бавчата, ама ја истеравме.
2. Забоде нешто остро (нож и др.). Му го зари ножот во слабината.
3. Закопа, покрие со земја, со песок и сл. Убиениот го зарија под едно дрво.
Коњугација: зарив , зариен, зариј , зарија , заријат , заријте , зарил , (ќе) зариев , (ќе) зариеја , (ќе) зариел .
Изведени зборови:
- (се) зарива, глаг. несв. (се) зариваат
- се ~ зарие, Се вовлече некаде риејќи. Кртот се зари во земјата.
Оригинални податоци:
зарие, заријат; зариј, заријте; зарив, зарија; зарил; (ќе) зариев, (ќе) зариеја; (ќе) зариел; зариен св. 1. Почне да рие. Свињата зари во бавчата, ама ја истеравме. 2. Забоде нешто остро (нож и др.). Му го зари ножот во слабината. 3. Закопа, покрие со земја, со песок и сл. Убиениот го зарија под едно дрво. ● се ~ Се вовлече некаде риејќи. Кртот се зари во земјата. ‖ (се) зарива, (се) зариваат несв.