зароби

Глагол, свршен

Значење на зароби:

1. а) Фати жив непријател (во војна). Тој зароби двајца непријателски војници. б) Освои, завладее, заплени (територија, народ, материјални блага).

2. (прен.) Потчини наполно, изгуби слобода поради некого или нешто. Неговата болест сосема ме зароби. Ги заробил децата да му работат по цел ден.

Коњугација: заробат.

Изведени зборови:

  • заробување, глаг. им. ср.
  • се ~ зароби, (прен.) Се претвори во роб, поради нешто се лиши од сè друго. Откако отвори продавница, се зароби. Не сакаше да остане в село и да се зароби.
  • (се) заробува, глаг. несв. (се) заробуваат

Оригинални податоци:

зароби, заробат св. 1. а) Фати жив непријател (во војна). Тој зароби двајца непријателски војници. б) Освои, завладее, заплени (територија, народ, материјални блага). 2. (прен.) Потчини наполно, изгуби слобода поради некого или нешто. Неговата болест сосема ме зароби. Ги заробил децата да му работат по цел ден. ● се ~ (прен.) Се претвори во роб, поради нешто се лиши од сè друго. Откако отвори продавница, се зароби. Не сакаше да остане в село и да се зароби. ‖ (се) заробува, (се) заробуваат несв. ‖ глаг. им. заробување ср.