зароди се

Глагол, свршен

Значење на зароди се:

1. Настане, се појави, почне да се развива. Во нивните души се зародила несвесна љубов. Во него се зароди една мисла дека тој може да ја направи таа работа.

2. Стане род еден со друг; се ороди. Се зародија со најбогатата фамилија во селото.

Коњугација: се зародат.

Изведени зборови:

  • глаг. несв. се зараѓа, се зараѓаат/се зародува, се зародуваат кон зн. 1.

Оригинални податоци:

зароди се, се зародат св. 1. Настане, се појави, почне да се развива. Во нивните души се зародила несвесна љубов. Во него се зароди една мисла дека тој може да ја направи таа работа. 2. Стане род еден со друг; се ороди. Се зародија со најбогатата фамилија во селото. ‖ се зараѓа, се зараѓаат/се зародува, се зародуваат несв. кон зн. 1. ‖ глаг. им. зараѓање/зародување ср.