засени
Значење на засени:
1. Направи сенка, намали навлегување, ширење на светлина. Таа ја засени светилката со весник. Облаците го засенија сонцето. Кајсијата ја засени целата бавча. Тој си ги засени очите со рака.
2. безл. Стане сенка. Во дворот ќе засени по еден час. Овде ќе засени дури приквечер.
3. (прен.) Надмине, престигне некого во нешто. Таа сите ги засени со својата убавина. Тој ја засени славата на татка си.
4. (прен.) Фрли сенка на нешто, помрачи. Таа случка ја засени нејзината надеж. Неколку негативности го засенија убавиот впечаток од средбата.
Коњугација: засенат.
Изведени зборови:
- засенува, глаг. несв. засенуваат
- засенување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
засени, засенат св. 1. Направи сенка, намали навлегување, ширење на светлина. Таа ја засени светилката со весник. Облаците го засенија сонцето. Кајсијата ја засени целата бавча. Тој си ги засени очите со рака. 2. безл. Стане сенка. Во дворот ќе засени по еден час. Овде ќе засени дури приквечер. 3. (прен.) Надмине, престигне некого во нешто. Таа сите ги засени со својата убавина. Тој ја засени славата на татка си. 4. (прен.) Фрли сенка на нешто, помрачи. Таа случка ја засени нејзината надеж. Неколку негативности го засенија убавиот впечаток од средбата. ‖ засенува, засенуваат несв. ‖ глаг. им. засенување ср.