зашиба

Глагол, свршен

Значење на зашиба:

1. Почне да шиба; шиба. Дрварот го зашиба коњот. Чуварот го зашиба затвореникот по грбот.

2. За ветар, дожд и сл. – почне да дува, да врне силно. Зашиба силен и крупен дожд.

3. (жарг.) Ефектно даде гол. Домашниот тим му зашиба четири гола на гостинскиот тим.

4. (разг.) Почне да става, да трупа. Зашиба некаква облека и нешто за јадење во торбата и излезе.

Коњугација: зашибаат.

Изведени зборови:

  • зашибување, глаг. им. ср.
  • се ~ зашиба, Почне да се шиба меѓусебно. Се зашибаа децата со некакви долги стапови.
  • (се) зашибува, глаг. несв. (се) зашибуваат

Оригинални податоци:

зашиба, зашибаат св. 1. Почне да шиба; сп. шиба. Дрварот го зашиба коњот. Чуварот го зашиба затвореникот по грбот. 2. За ветар, дожд и сл. – почне да дува, да врне силно. Зашиба силен и крупен дожд. 3. (жарг.) Ефектно даде гол. Домашниот тим му зашиба четири гола на гостинскиот тим. 4. (разг.) Почне да става, да трупа. Зашиба некаква облека и нешто за јадење во торбата и излезе. ● се ~ Почне да се шиба меѓусебно. Се зашибаа децата со некакви долги стапови. ‖ (се) зашибува, (се) зашибуваат несв. ‖ глаг. им. зашибување ср.