зашие

Глагол, свршен

Значење на зашие:

1. Почне да шие. Таа заши уште како девојче на петнаесет години. Заши од рано изутрина некој фустан.

2. Пришие малку згора – згора. Таа го заши на две – на три скинатиот џеб.

3. Сошие. Му ја зашив скинатата петлица.

4. Со шиење стави на друго место. Ги заши парите во елекот.

Коњугација: зашив , зашиен, зашиј , зашија , зашијат , зашијте , зашил , (ќе) зашиев , (ќе) зашиеја , (ќе) зашиел .

Изведени зборови:

  • зашива, глаг. несв. зашиваат
  • зашивање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

зашие, зашијат; зашиј, зашијте; зашив, зашија; зашил; (ќе) зашиев, (ќе) зашиеја; (ќе) зашиел; зашиен св. 1. Почне да шие. Таа заши уште како девојче на петнаесет години. Заши од рано изутрина некој фустан. 2. Пришие малку згора – згора. Таа го заши на две – на три скинатиот џеб. 3. Сошие. Му ја зашив скинатата петлица. 4. Со шиење стави на друго место. Ги заши парите во елекот. ‖ зашива, зашиваат несв. ‖ глаг. им. зашивање ср.