зашлака
Значење на зашлака:
1. Почне да шлака; шлака. Зашлакаа со рацете во знак на одобрување.
2. Почне да удира шлаканици. Таткото го зашлака детето.
3. Заплиска. Детето зашлака со рачињата во кофата со вода.
4. (разг.) Почне да дрдори. Дедото пак зашлака за тоа кога бил млад.
Коњугација: зашлакаат.
Изведени зборови:
- зашлакување, глаг. им. ср.
- се ~ зашлака, 1. Почне да се удира со раце себеси. Се зашлака по палтото и по панталоните за да си го истресе правот. Се зашлака по лицето, како да сакаше да се казни самиот себеси. Се зашлака на шега за да покаже колку е изненаден. 2. Почне да се плиска во/со вода. Се зашлакаа децата во плитката вода на брегот.
- (се) зашлакува, глаг. несв. (се) зашлакуваат
Оригинални податоци:
зашлака, зашлакаат св. 1. Почне да шлака; сп. шлака. Зашлакаа со рацете во знак на одобрување. 2. Почне да удира шлаканици. Таткото го зашлака детето. 3. Заплиска. Детето зашлака со рачињата во кофата со вода. 4. (разг.) Почне да дрдори. Дедото пак зашлака за тоа кога бил млад. ● се ~ 1. Почне да се удира со раце себеси. Се зашлака по палтото и по панталоните за да си го истресе правот. Се зашлака по лицето, како да сакаше да се казни самиот себеси. Се зашлака на шега за да покаже колку е изненаден. 2. Почне да се плиска во/со вода. Се зашлакаа децата во плитката вода на брегот. ‖ (се) зашлакува, (се) зашлакуваат несв. ‖ глаг. им. зашлакување ср.