зашмрка

Глагол, свршен

Значење на зашмрка:

1. Почне да шмрка – со нос. Таа зашмрка и заплака. Пред да каже нешто, зашмрка.

2. Почне да црпе. Неколку пумпи ја зашмркаа водата од поплавените подруми.

3. Почне да пие со подзатворена уста испуштајќи шумови. Гостинот зашмрка од кафето.

Коњугација: зашмркаат.

Изведени зборови:

  • се ~ зашмрка, Кон зн. 1. Ама се зашмрка, што ти стана.
  • (се) зашмркува, глаг. повт. (се) зашмркуваат

Оригинални податоци:

зашмрка, зашмркаат св. 1. Почне да шмрка – со нос. Таа зашмрка и заплака. Пред да каже нешто, зашмрка. 2. Почне да црпе. Неколку пумпи ја зашмркаа водата од поплавените подруми. 3. Почне да пие со подзатворена уста испуштајќи шумови. Гостинот зашмрка од кафето. ● се ~ Кон зн. 1. Ама се зашмрка, што ти стана. ‖ (се) зашмркува, (се) зашмркуваат повт.