заштита

Именка, женски род

Значење на заштита:

1. Засолнување од опасност, тешкотија, од непријатност. Единствена заштита му беа ретките крошни од дрвјата.

2. Земање во одбрана; закрила, поддршка, покровителство. Тој сметаше на заштита од својот добротвор. Артилеријата има заштита од пешадија. Таа очекувано доби заштита од семејството.

3. Правна норма за одбрана. Општеството им дава заштита на самохраните родители. Правна заштита.

4. Средство, предмет за одбрана. Заштита за очите при швајсување се специјални темни очила.

Оригинални податоци:

заштита ж. 1. Засолнување од опасност, тешкотија, од непријатност. Единствена заштита му беа ретките крошни од дрвјата. 2. Земање во одбрана; закрила, поддршка, покровителство. Тој сметаше на заштита од својот добротвор. Артилеријата има заштита од пешадија. Таа очекувано доби заштита од семејството. 3. Правна норма за одбрана. Општеството им дава заштита на самохраните родители. Правна заштита. 4. Средство, предмет за одбрана. Заштита за очите при швајсување се специјални темни очила.