заштити

Глагол, свршен

Значење на заштити:

1. Засолне, спаси од опасност, непријатност; сочува. Шалот му го заштити лицето од ветрот. Со рацете го заштити лицето од силната светлина. Насипот го заштити селото од надојдената река.

2. Некој одбрани, сочува некого од нешто. Десетината го заштити целиот одред. Компанијата и во тешките моменти успеа да ги заштити своите вработени.

Коњугација: заштитат.

Изведени зборови:

  • заштитување, глаг. им. ср.
  • се ~ заштити, Се засолне, се одбрани, се зачува. Се заштити од дождот под една стреа.
  • (се) заштитува, глаг. несв. (се) заштитуваат

Оригинални податоци:

заштити, заштитат св. 1. Засолне, спаси од опасност, непријатност; сочува. Шалот му го заштити лицето од ветрот. Со рацете го заштити лицето од силната светлина. Насипот го заштити селото од надојдената река. 2. Некој одбрани, сочува некого од нешто. Десетината го заштити целиот одред. Компанијата и во тешките моменти успеа да ги заштити своите вработени. ● се ~ Се засолне, се одбрани, се зачува. Се заштити од дождот под една стреа. ‖ (се) заштитува, (се) заштитуваат несв. ‖ глаг. им. заштитување ср.