заштитник
Значење на заштитник:
Тој што заштитува; чувар, закрилник. Заштитник на народот. Секоја црква има за свој заштитник некој светец. Климент бил заштитник на градот Охрид и на неговите жители.Множина: заштитници.
Изведени зборови:
- заштитница, и. ж. 1. Таа што заштитува. 2. (воен.) Дел од единица што при марш ја штити одзади главнината од напад. Главнината замина, а заштитницата остана. Неколкумината од заштитницата одеа зазбивтано. Заштитницата водеше борба со непријателот.
- заштитнички, прил. Тој заштитнички се однесуваше кон колегата. Го прегрна заштитнички.
- заштитнички, прид. заштитничкиот Заштитнички однос.
Оригинални податоци:
заштитник, мн. заштитници м. Тој што заштитува; чувар, закрилник. Заштитник на народот. Секоја црква има за свој заштитник некој светец. Климент бил заштитник на градот Охрид и на неговите жители. ‖ заштитница, мн. заштитници ж. 1. Таа што заштитува. 2. (воен.) Дел од единица што при марш ја штити одзади главнината од напад. Главнината замина, а заштитницата остана. Неколкумината од заштитницата одеа зазбивтано. Заштитницата водеше борба со непријателот. ‖ заштитнички, заштитничкиот прид. Заштитнички однос. ‖ заштитнички прил. Тој заштитнички се однесуваше кон колегата. Го прегрна заштитнички.