зашуми

Глагол, свршен

Значење на зашуми:

1. За ветар, море, дрвја и сл. – почне да шуми. Пролетен ветар зашуми. Зашумеа тополите. Бранови пред невреме силно зашумеа. Се разбранува и зашуми зрелото жито.

2. (прен.) Почувствува шум. Ми зашуми во ушите. Зовриената крв му зашуми во главата.

Коњугација: зашумат.

Изведени зборови:

  • зашумува, глаг. повт. зашумуваат

Оригинални податоци:

зашуми, зашумат св. 1. За ветар, море, дрвја и сл. – почне да шуми. Пролетен ветар зашуми. Зашумеа тополите. Бранови пред невреме силно зашумеа. Се разбранува и зашуми зрелото жито. 2. (прен.) Почувствува шум. Ми зашуми во ушите. Зовриената крв му зашуми во главата. ‖ зашумува, зашумуваат повт.