засили

Глагол, свршен

Значење на засили:

1. Направи нешто да стане посилно, да се изрази, да се пројави во поголем степен. Тој го засили гласот. Виното им го засили расположението. Ветрот го засили пожарот. Партизаните ја засилија својата активност. Возот ја засили брзината по излегувањето од станицата.

2. Направи да биде нешто посилно во својата намена, состојба. Засили исхрана. Засили дисциплина. Засили контрола. Засили (нечија) позиција.

Коњугација: засилат.

Изведени зборови:

  • засилување, глаг. им. ср.
  • се ~ засили, 1. Стане посилен, добие поголема сила, моќ. Огнот се засили и им ги озари лицата. Дождот се засили уште повеќе. Кавгата меѓу нив се засили. 2. Се напрегне, зее залет при физичка активност. Тој се засили и скокна преку дупката.
  • (се) засилува, глаг. несв. (се) засилуваат

Оригинални податоци:

засили, засилат св. 1. Направи нешто да стане посилно, да се изрази, да се пројави во поголем степен. Тој го засили гласот. Виното им го засили расположението. Ветрот го засили пожарот. Партизаните ја засилија својата активност. Возот ја засили брзината по излегувањето од станицата. 2. Направи да биде нешто посилно во својата намена, состојба. Засили исхрана. Засили дисциплина. Засили контрола. Засили (нечија) позиција. ● се ~ 1. Стане посилен, добие поголема сила, моќ. Огнот се засили и им ги озари лицата. Дождот се засили уште повеќе. Кавгата меѓу нив се засили. 2. Се напрегне, зее залет при физичка активност. Тој се засили и скокна преку дупката. ‖ (се) засилува, (се) засилуваат несв. ‖ глаг. им. засилување ср.