засипе
Значење на засипе:
1. Почне да сипе. Тој ни засипа вино во чашите.
2. Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина и сл. со нешто. Селаните ја засипаа реката со камења и направија мала брана. Тој ја засипа дупката со земја.
3. Фрли наеднаш нешто во големо количество. Непријателот го засипа градот со топовски гранати. Децата го засипаа кучето со камења.
4. (прен.) а) Постави, упати некому едно по друго прашања, зборови и сл. Таа ја засипа девојката со клетви. Тој го засипал детето со прашања. б) Даде, испрати некому нешто во големо количество. Тој ја засипа девојката со злато. Го засипаа со писма од секаде.
Коњугација: засипаа , засипав , засипал , засипан , засипат , засипете , засипи , (ќе) засипеа , (ќе) засипев , (ќе) засипел.
Изведени зборови:
- засипување, глаг. им. ср.
- се ~ засипе, повр. кон зн. 2. Тој се засипа до половината во песок.
- (се) засипува, глаг. несв. (се) засипуваат
Оригинални податоци:
засипе, засипат; засипи, засипете; засипав, засипаа; засипал; засипан; (ќе) засипев, (ќе) засипеа; (ќе) засипел св. 1. Почне да сипе. Тој ни засипа вино во чашите. 2. Исполни, покрие, затрупа некаква површина, вдлабнатина и сл. со нешто. Селаните ја засипаа реката со камења и направија мала брана. Тој ја засипа дупката со земја. 3. Фрли наеднаш нешто во големо количество. Непријателот го засипа градот со топовски гранати. Децата го засипаа кучето со камења. 4. (прен.) а) Постави, упати некому едно по друго прашања, зборови и сл. Таа ја засипа девојката со клетви. Тој го засипал детето со прашања. б) Даде, испрати некому нешто во големо количество. Тој ја засипа девојката со злато. Го засипаа со писма од секаде. ● се ~ повр. кон зн. 2. Тој се засипа до половината во песок. ‖ (се) засипува, (се) засипуваат несв. ‖ глаг. им. засипување ср.