заслади
Значење на заслади:
Направи нешто да стане слатко. Таа го заслади чајот со мед.Коњугација: засладат.
Изведени зборови:
- засладување, глаг. им. ср.
- се ~ заслади, 1. Изеде нешто слатко. Гостите се засладија со торта. 2. безл. Ми (ти, му...) стане слатко. Многу ми се засладија крушите од вашата круша.
- (се) засладува, глаг. несв. (се) засладуваат
Оригинални податоци:
заслади, засладат св. Направи нешто да стане слатко. Таа го заслади чајот со мед. ● се ~ 1. Изеде нешто слатко. Гостите се засладија со торта. 2. безл. Ми (ти, му...) стане слатко. Многу ми се засладија крушите од вашата круша. ‖ (се) засладува, (се) засладуваат несв. ‖ глаг. им. засладување ср.