засмее
Значење на засмее:
Направи некој многу да се смее. Со гримасите што ги правеше, тој ги засмеа децата.Коњугација: засмеав , засмеаја , засмеал , засмеан , засмеат , засмеен, засмеј , засмејте , (ќе) засмеев , (ќе) засмееја , (ќе) засмеел .
Изведени зборови:
- глаг. несв. (се) засмева, (се) засмеваат/(се) засмејува, (се) засмејуваат
- се ~ засмее, Почне многу да се смее. Таа гласно се засмеа.
Оригинални податоци:
засмее, засмеат; засмеј, засмејте; засмеав, засмеаја; засмеал; засмеан; (ќе) засмеев, (ќе) засмееја; (ќе) засмеел; засмеен св. Направи некој многу да се смее. Со гримасите што ги правеше, тој ги засмеа децата. ● се ~ Почне многу да се смее. Таа гласно се засмеа. ‖ (се) засмева, (се) засмеваат/(се) засмејува, (се) засмејуваат несв. ‖ глаг. им. засмевање/засмејување ср.