застане
Значење на застане:
1. Престане да се движи; запре. а) За човек, за животно. Застанав зад една карпа. Тие застанале да се одморат. Коњот застана во една ливада и започна да пасе. б) За превозно средство. Камионите застанале кај мостот. Кога автобусот застана, тие веднаш слегоа.
2. Сопре некого или нешто, натера да го прекине движењето. Група одметници го застанаа карванот. Тие го застанаа возот.
3. Престане, запре при вршењето на некоја активност. Таа застана на половина збор, помолче малку и пак продолжи. Тој застана за миг во работата, колку да запали цигара.
4. Престане, запре да се одвива некакво дејство. Мојот часовник застанал. Колата ми застана токму на семафорот.
5. Запре, задржи нешто некое време во определена положба. Кога го отвориле гробот, здивот им застанал на сите. Две солзи застанаа во нејзините очи. Погледот му застана на прекрасната глетка што беше пред него.
6. Заземе определена позиција, положба, се постави на некаков начин. Тој застана на чело на бригадата. Таа застана крај вратата. Тие застанале еден спроти друг.
7. Зазее определен став, мислење во врска со нешто. Факултетот застана на ставот да се организира тој собир.
Коњугација: застанаа , застанав , застанал , застанат , застанат , застанете , застани , (ќе) застанеа , (ќе) застанев , (ќе) застанел.
Изведени зборови:
- застанува, глаг. несв. застануваат
- застанување, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Застане на нозе – 1. Се исправи, стане. 2. Се извлече од некаква неволја. Застане зад некого – поддржи некого во нешто.
Оригинални податоци:
застане, застанат; застани, застанете; застанав, застанаа; застанал; застанат; (ќе) застанев, (ќе) застанеа; (ќе) застанел св. 1. Престане да се движи; запре. а) За човек, за животно. Застанав зад една карпа. Тие застанале да се одморат. Коњот застана во една ливада и започна да пасе. б) За превозно средство. Камионите застанале кај мостот. Кога автобусот застана, тие веднаш слегоа. 2. Сопре некого или нешто, натера да го прекине движењето. Група одметници го застанаа карванот. Тие го застанаа возот. 3. Престане, запре при вршењето на некоја активност. Таа застана на половина збор, помолче малку и пак продолжи. Тој застана за миг во работата, колку да запали цигара. 4. Престане, запре да се одвива некакво дејство. Мојот часовник застанал. Колата ми застана токму на семафорот. 5. Запре, задржи нешто некое време во определена положба. Кога го отвориле гробот, здивот им застанал на сите. Две солзи застанаа во нејзините очи. Погледот му застана на прекрасната глетка што беше пред него. 6. Заземе определена позиција, положба, се постави на некаков начин. Тој застана на чело на бригадата. Таа застана крај вратата. Тие застанале еден спроти друг. 7. Зазее определен став, мислење во врска со нешто. Факултетот застана на ставот да се организира тој собир. ◊ Застане на нозе – 1. Се исправи, стане. 2. Се извлече од некаква неволја. Застане зад некого – поддржи некого во нешто. ‖ застанува, застануваат несв. ‖ глаг. им. застанување ср.