застапи
Значење на застапи:
1. Замени некого, настапи во нечие име, презее нечија должност. Колегите ме застапија на состанокот. Мојот помошник ќе ме застапи на главната расправа во судот.
2. Оддели простор, вклучи, претстави (во издание, во приказ, во план и сл.). Во списанието ги застапил најпознатите светски писатели.
Коњугација: застапат.
Изведени зборови:
- застапува, глаг. несв. застапуваат 1. сп. застапи 1 и 2. 2. Претставува некого или нешто, истапува во нечие име. Јас ја застапувам фирмата во странство. 3. Брани, поддржува определено мислење, идеја и сл. Тој ги застапува интересите на селаните. ● се ~ 1. Се зазема. 2. сп. застапува 3.
- застапување, глаг. им. ср.
- се ~ застапи, Покаже грижа, се зазее за некого или за нешто. Сите се застапија за него.
Оригинални податоци:
застапи, застапат св. 1. Замени некого, настапи во нечие име, презее нечија должност. Колегите ме застапија на состанокот. Мојот помошник ќе ме застапи на главната расправа во судот. 2. Оддели простор, вклучи, претстави (во издание, во приказ, во план и сл.). Во списанието ги застапил најпознатите светски писатели. ● се ~ Покаже грижа, се зазее за некого или за нешто. Сите се застапија за него. ‖ застапува, застапуваат несв. 1. сп. застапи 1 и 2. 2. Претставува некого или нешто, истапува во нечие име. Јас ја застапувам фирмата во странство. 3. Брани, поддржува определено мислење, идеја и сл. Тој ги застапува интересите на селаните. ● се ~ 1. Се зазема. 2. сп. застапува 3. ‖ глаг. им. застапување ср.