застои

Глагол, свршен

Значење на застои:

1. Почне да стои; стои. Детето застоја на девет месеци.

2. Задржи нешто подолго или некое време во определена положба. Кога го слушнаа како вика, жените ги застојаа пиралките. Тој го беше застојал погледот кон прозорецот.

Коњугација: застој , застојаа , застојав , застојал , застојан , застојат , застојте , (ќе) застоев , (ќе) застоеја , (ќе) застоел.

Изведени зборови:

  • глаг. несв. (се) застојува, (се) застојуваат/(се) застова, (се) застоваат
  • се ~ застои, 1. Се задржи подолго време на исто место. Тој не можеше да се застои на едно место. Пред куќата се застојаа неколку деца. 2. За вода, за воздух – не се движи, не се ветрее, не е свеж. Водата во шишето е застоена. Воздухот во собата е застоен.

Оригинални податоци:

застои, застојат; застој, застојте; застојав, застојаа; застојал; застојан; (ќе) застоев, (ќе) застоеја; (ќе) застоел св. 1. Почне да стои; сп. стои. Детето застоја на девет месеци. 2. Задржи нешто подолго или некое време во определена положба. Кога го слушнаа како вика, жените ги застојаа пиралките. Тој го беше застојал погледот кон прозорецот. ● се ~ 1. Се задржи подолго време на исто место. Тој не можеше да се застои на едно место. Пред куќата се застојаа неколку деца. 2. За вода, за воздух – не се движи, не се ветрее, не е свеж. Водата во шишето е застоена. Воздухот во собата е застоен. ‖ (се) застојува, (се) застојуваат/(се) застова, (се) застоваат несв. ‖ глаг. им. застојување/застовање ср.