затаи
Значење на затаи:
1. Прикрие чувство, намера, разговор и сл. Тој ги затаи резултатите од испитувањата. Таа го затаи разговорот што го водеше со комшивката.
2. Присвои нешто туѓо, проневери. Тој го затаил кусурот што му го вратиле во продавницата.
3. Воздржи, сочува во себе, не покаже пред другите. Застана до вратата и го затаи здивот.
Коњугација: затаат , затаен, затаив , затаија , затаил , затај , затајте , (ќе) затаев , (ќе) затаеја , (ќе) затаел .
Изведени зборови:
- затајување, глаг. им. ср.
- се ~ затаи, Се прикрие, се скрие. Тој се затаи во сламата. Детето за миг се затаи.
- (се) затајува, глаг. несв. (се) затајуваат
Оригинални податоци:
затаи, затаат; затај, затајте; затаив, затаија; затаил; (ќе) затаев, (ќе) затаеја; (ќе) затаел; затаен св. 1. Прикрие чувство, намера, разговор и сл. Тој ги затаи резултатите од испитувањата. Таа го затаи разговорот што го водеше со комшивката. 2. Присвои нешто туѓо, проневери. Тој го затаил кусурот што му го вратиле во продавницата. 3. Воздржи, сочува во себе, не покаже пред другите. Застана до вратата и го затаи здивот. ● се ~ Се прикрие, се скрие. Тој се затаи во сламата. Детето за миг се затаи. ‖ (се) затајува, (се) затајуваат несв. ‖ глаг. им. затајување ср.