затече 2
Значење на затече:
Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба. Дождот нѐ затече на нива. Ја затеков разбудена. Тој ги затекол децата како берат сливи.Коњугација: затекле , затекоа , затеков , затекол , затечат , затечен, затечете , затечи , (ќе) затечеа , (ќе) затечев , (ќе) затечел .
Изведени зборови:
- се ~ затече, Се најде негде во време кога доаѓа, дошол некој друг или кога нешто почнува да станува, да се случува. Се затекол на местото на несреќата. Двете сестри се затекоа кај вујкото.
- (се) затечува, глаг. повт. (се) затечуваат
Оригинални податоци:
затече2, затечат; затечи, затечете; затеков, затекоа; затекол, затекле; (ќе) затечев, (ќе) затечеа; (ќе) затечел; затечен св. Најде некого или нешто на некое место, во некаква положба или состојба. Дождот нѐ затече на нива. Ја затеков разбудена. Тој ги затекол децата како берат сливи. ● се ~ Се најде негде во време кога доаѓа, дошол некој друг или кога нешто почнува да станува, да се случува. Се затекол на местото на несреќата. Двете сестри се затекоа кај вујкото. ‖ (се) затечува, (се) затечуваат повт.