затишие
Само во еднина.
Значење на затишие:
1. Состојба на привремен прекин на некоја немирна, бурна состојба или дејност. а) За фронт – привремено смирување на борбите. Привидно затишје. Владееше затишје на целиот фронт. б) За ветар, дожд и сл. – смалување на интензитетот на природната појава. По два дена невидено невреме настапи затишје. Ветрот стивна, завладеа затишје. в) За дејност, работа – смалување на интензитетот на работата. Во издавачката дејност владее затишје.
Алтернативно: затишје
Фразеолошки израз / поговорка:
Затишје пред бура – Привремено, лажно смирување пред да избувне немир, невреме.
Оригинални податоци:
затишие и затишје (само едн.) ср. 1. Состојба на привремен прекин на некоја немирна, бурна состојба или дејност. а) За фронт – привремено смирување на борбите. Привидно затишје. Владееше затишје на целиот фронт. б) За ветар, дожд и сл. – смалување на интензитетот на природната појава. По два дена невидено невреме настапи затишје. Ветрот стивна, завладеа затишје. в) За дејност, работа – смалување на интензитетот на работата. Во издавачката дејност владее затишје. ◊ Затишје пред бура – Привремено, лажно смирување пред да избувне немир, невреме.