затне
Значење на затне:
Затвора со нешто некаков отвор. Бинлакот го затна со плутена тапа. Ушите ги затна со дланките за да не слуша. Скршениот прозорец го затнаа со ќебиња.Коњугација: затнаа , затнав , затнал , затнат , затнат , затнете , затни , (ќе) затнеа , (ќе) затнев , (ќе) затнел.
Изведени зборови:
- затнување, глаг. им. ср.
- се ~ затне, Се затна одводот од кадата. Од провев му се затна едното уво.
- (се) затнува, глаг. несв. (се) затнуваат
Фразеолошки израз / поговорка:
Ми (ти, му...) ја затна устата – не ми (ти, му...) дозволи да зборувам.
Оригинални податоци:
затне, затнат; затни, затнете; затнав, затнаа; затнал; затнат; (ќе) затнев, (ќе) затнеа; (ќе) затнел св. Затвора со нешто некаков отвор. Бинлакот го затна со плутена тапа. Ушите ги затна со дланките за да не слуша. Скршениот прозорец го затнаа со ќебиња. ● се ~ Се затна одводот од кадата. Од провев му се затна едното уво. ◊ Ми (ти, му...) ја затна устата – не ми (ти, му...) дозволи да зборувам. ‖ (се) затнува, (се) затнуваат несв. ‖ глаг. им. затнување ср.