затолчи
Значење на затолчи:
1. Почне да толчи. Жената затолчи афион во аванот.
2. Истолчи малку, набрзина. Затолчи неколку печени пиперки и седна да јаде.
3. Почне да удира, да бие. Затолчи град со големина на лешник.
4. (прен.) Претепа. Двајца го пресретнаа и го затолчија.
Коњугација: затолчат.
Изведени зборови:
- затолчува, глаг. несв. затолчуваат
- затолчување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
затолчи, затолчат св. 1. Почне да толчи. Жената затолчи афион во аванот. 2. Истолчи малку, набрзина. Затолчи неколку печени пиперки и седна да јаде. 3. Почне да удира, да бие. Затолчи град со големина на лешник. 4. (прен.) Претепа. Двајца го пресретнаа и го затолчија. ‖ затолчува, затолчуваат несв. ‖ глаг. им. затолчување ср.