затрча

Глагол, свршен

Значење на затрча:

Почне да трча. Децата слегоа од автобусите и затрчаа по полјаните. Постар човек затрча малку по автобусот, но се откажа.

Коњугација: затрчаат.

Изведени зборови:

  • затрчување, глаг. им. ср.
  • се ~ затрча, 1. Се засили; почне силно да трча. Едно дете се затрча по удолницата, за малку не падна. Кучето се затрча кон детето, но кога го стаса, се смири и престана да лае. 2. (прен.) Избрза, се истрча, направи нешто без добро да размисли, да процени. Се затрча по пари, не размисли што може да се случи. Се затрча и влезе во валкан бизнис.
  • (се) затрчува, глаг. несв. (се) затрчуваат

Оригинални податоци:

затрча, затрчаат св. Почне да трча. Децата слегоа од автобусите и затрчаа по полјаните. Постар човек затрча малку по автобусот, но се откажа. ● се ~ 1. Се засили; почне силно да трча. Едно дете се затрча по удолницата, за малку не падна. Кучето се затрча кон детето, но кога го стаса, се смири и престана да лае. 2. (прен.) Избрза, се истрча, направи нешто без добро да размисли, да процени. Се затрча по пари, не размисли што може да се случи. Се затрча и влезе во валкан бизнис. ‖ (се) затрчува, (се) затрчуваат несв. ‖ глаг. им. затрчување ср.