затре

Глагол, свршен

Значење на затре:

Уништи, искорени. Го затреа селото. Успешно ги затре гадинките.

Коњугација: затрат , затреа , затрев , затрел , затрен, затрете , затри .

Изведени зборови:

  • затирање, глаг. им. ср.
  • (се) затира, глаг. несв. (се) затираат
  • се ~ затре, Се затре тоа семејство. Им се затре името.

Фразеолошки израз / поговорка:

Да ти (му...) се затре семето – (клетва) да го снема, да пропадне.

Оригинални податоци:

затре, затрат; затри, затрете; затрев, затреа; затрел; затрен св. Уништи, искорени. Го затреа селото. Успешно ги затре гадинките. ● се ~ Се затре тоа семејство. Им се затре името. ◊ Да ти (му...) се затре семето – (клетва) да го снема, да пропадне. ‖ (се) затира, (се) затираат несв. ‖ глаг. им. затирање ср.