затресе

Глагол, свршен

Значење на затресе:

1. Почне да тресе нешто; тресе. Затресе слаб земјотрес.

2. Кусо време тресе, површно, малку. Затресе една гранка и сливи испопаѓаа наоколу. Некој одзади ме затресе за рамото. Гневно ја затресе главата и промрмори. Затресе некое крпче не покажувајќи си го лицето.

Коњугација: затресат , затресен, затресете , затреси , затресле , затресоа , затресов , затресол , (ќе) затресеа , (ќе) затресев , (ќе) затресел .

Изведени зборови:

  • затресување, глаг. им. ср.
  • се ~ затресе, 1. Почне да се тресе. Од силната детонација целата зграда се затресе. Кога влезе, автомобилот се затресе. 2. (прен.) Поведе грижа за некого или за нешто. Иако не му беше татко, човекот се затресе за детето.
  • (се) затресува, глаг. повт. (се) затресуваат

Оригинални податоци:

затресе, затресат; затреси, затресете; затресов, затресоа; затресол, затресле; (ќе) затресев, (ќе) затресеа; (ќе) затресел; затресен св. 1. Почне да тресе нешто; сп. тресе. Затресе слаб земјотрес. 2. Кусо време тресе, површно, малку. Затресе една гранка и сливи испопаѓаа наоколу. Некој одзади ме затресе за рамото. Гневно ја затресе главата и промрмори. Затресе некое крпче не покажувајќи си го лицето. ● се ~ 1. Почне да се тресе. Од силната детонација целата зграда се затресе. Кога влезе, автомобилот се затресе. 2. (прен.) Поведе грижа за некого или за нешто. Иако не му беше татко, човекот се затресе за детето. ‖ (се) затресува, (се) затресуваат повт. ‖ глаг. им. затресување ср.