затруе
Значење на затруе:
1. а) Направи нешто да биде отровно. Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата. Излеаната нафта во морето ги затру рибите. б) Даде некому нешто (храна и сл.) отровно. Ги затруле децата со сладолед. Соседите ни го затруја кучето.
2. (прен.) Изврши негативно влијание; наведе на погрешно мислење; расипе. Новиот во зградата ги затру односите меѓу соседите.
Коњугација: затрув , затруен, затруј , затруја , затрујат , затрујте , затрул , (ќе) затруев , (ќе) затруеја , (ќе) затруел .
Изведени зборови:
- затрување, глаг. им. ср.
- (се) затрува, глаг. несв. (се) затруваат
- се ~ затруе, Земе, прими нешто отровно. Се затру од водата во бунарот.
Оригинални податоци:
затруе, затрујат; затруј, затрујте; затрув, затруја; затрул; (ќе) затруев, (ќе) затруеја; (ќе) затруел; затруен св. 1. а) Направи нешто да биде отровно. Ископувањето во блискиот рудник ја затру водата. Излеаната нафта во морето ги затру рибите. б) Даде некому нешто (храна и сл.) отровно. Ги затруле децата со сладолед. Соседите ни го затруја кучето. 2. (прен.) Изврши негативно влијание; наведе на погрешно мислење; расипе. Новиот во зградата ги затру односите меѓу соседите. ● се ~ Земе, прими нешто отровно. Се затру од водата во бунарот. ‖ (се) затрува, (се) затруваат несв. ‖ глаг. им. затрување ср.